РК Прилеп за новата сезона се засили со Јеремиќ, Тренчевски, Илиески и Христоски

Ракометниот клуб Прилеп за новата сезона од Суперлигата претстави четири нови засилувања.

Прво официјално засилување за Прилеп е Александар Тренчевски, искусниот пикер се враќа во редовите на Прилеп, а претходно настапуваше за екипите на Вардар Јуниот, Зомимак од Струмица, Струга, паргас од Финска и струмички Астраион.

Прилепчанецот Божидар Илиески е ново засилување на бековската позиција, кој доаѓа од редовите на Мулти Есенс, екипа која испадна од Суперлигата во Првата ракомента лига.

Стефан Христовски е ново засилување на голот на Прилеп, а доаѓа од редовите на Партизан од Србија, а во својата кариера имаше краток престој во Охрид.

Ново засилување во Прилеп е и Никола Јеремиќ, босанскиот десен бек во својата кариера има нстапувано за Слгоа од Добој, Војводина, Грачаница и Борец.

Прилеп плеј-аутот од Првата лига го заврши на првото место со 36 бодови.

Александар Ванев, М-Нет