
Ракометниот клуб Бутел го крои ростерот за новата сезона од Суперлигата. Младиот Теодор Тодески во следните две сезони ќе ги брани боите на Бутел, левиот бек потекнува од составот на Прилеп, играше за Металург, а потоа беше член и на Алкалоид и Мулти Есенс.
„Се одлучив да потпишам за Бутел, иако имав понуда од повеќе клубови бидејќи таму ја гледам шансата за напредок на мојата игра. Се надевам дека под водство на тренерот Горан Кузманоски ќе одам ниво погоре јас како и клубот и заедно ќе се радуваме на нови успеси“, изјави Тодески.
Бутел се засили со младиот ракометар Мартин Петровски, кој има 17 години, а потпиша договор на три сезона со тимот на Бутел, а доаѓа од редовите на Аеродром. Бител ја продолжува праксата да ангажира млади македонски ракометар и да им дава шанса низ натпреварите.
Младинските репрезентативци Димитар и Тодор Узунчеви потпишаа за Бутел, а двајцата доаѓаа од тимот на Мулти Есенс. Браќата Узунчеви потекнуваат од тимот на Партизан од Гевгелија, потоа настапуваа за Алкалоид и Мулти Есенс.
Браќата ставија потпис на договор од една година со можност за продолжува на уште една година.
Александар Ванев, М-Нет