Речиси целосно завршено внатрешното уредување во модуларната болница во Штип

Речиси целосно е завршено внатрешното уредување на модуларната болница во Штип. До крајот на оваа и почетокот на наредната година се очекува дел од амбулантите да бидат префрлени во модуларната болница, со што пациентите ќе може навремено да ги завршуваат своите потреби. Се работи и на уредување на паркинг простотор пред самата модуларна болница.

„Внатре модуларната болница 99% е завршено. Набавено е се што е потребно, климатизирано е, се е реконструирано и од минатата недела сме во преговори кон специјалности би можеле да дојдат овде. Планираме за да не трпат пациентите, за празниците дел од амбулантите да бидат префрлени таму. Се прави и паркинг плац кој ќе биде тампониран.“- вели Захариев.

Хирургија, ортопедија, уво нос и грло, за почеток ќе бидат сместени во модуларната болница, а се прават напори овде да има повеќе специјализации со цел граѓаните да можат да ги завршат своите потребни на едно место и за побрзо време.

„Ќе има поправка на влезовите до модуларната болница и таму ќе има два влеза, едниот ќе биде од медицинското училиште и другиот од кај педијатрија.“ – додава Захариев.

Модуларната болница беше поставена за време на ковид пандемијата, но сега се бара решение за нејзино искористување, со цел да не биде оставена да пропаѓа на забот на времето или дополнително да биде мета на крадци.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет