Рекордно ниски цени на пазарот овој петок – доматите по 20 и 30 денари, граѓаните задоволни велат евтино и квалитетно е

Рекордно ниски цени на денешниот пазар во Штип. Доматите се продаваа по 20 и 30 денари, додека пиперките беа по цена од околу 40 денари. Граѓаните велат дека цените се евтини и достапни, па можат да си дозволат да купат повеќе и да уживаат во свежите производи. Според нив, квалитетот е добар, цените се реални, а производите се достапни за сечиј буџет. Дел од граѓаните изразија задоволство од понудата и цените, посочувајќи дека за достапни средства можат да набават квалитетни и свежи производи.

Штипјани и овој петок торбите ги полнеа со свежо овошје и зеленчук. На пазарот најмногу се купуваа домати, пиперки, праски, дињи и лубеници. За домашната трпеза, велат, има по нешто за сечиј вкус и буџет.

Од друга страна, мислењата на продавачите за денешниот пазар се поделени. Едни велат дека има многу народ и дека купувачите редовно застануваат на нивните тезги и пазарат, особено поради поволните и достапни цени. Според нив, кога производите се квалитетни и евтини, граѓаните полесно се одлучуваат да купат поголеми количини.

И продавачите и купувачите се задоволни – едните велат дека пониските цени носат поголема раздвиженост и промет, а другите дека можат поевтино да испазарат и да купат повеќе за домашната трпеза.

Ева Тушевска, М-Нет