Мицкоски: Уште во мај бевме подготвени за гаснење пожари, со сервисирани три воздухоплови и нови резервоари

Целосно подготвени и сервисирани 3 воздухоплови за гаснење пожари уште во мај годинава, посочи премиерот Христијан Мицкоски. Тој потсети дека во 2024 година, во јуни, сите три воздухоплови биле приземјени без навреме да биде извршен соодветен ремонт. Оваа година, пак, ремонтот бил завршен навреме, а воздухопловите уште во мај биле ставени на писта и целосно подготвени за интервенција каде што има криза.Покрај воздухопловите, во справувањето со пожарите биле ангажирани и седум пренаменети воени возила со вградени резервоари за вода.

,,Taa 2024 година, јуни месец, сите три воздухоплови беа приземјени без да биде направен соодветен ремонт на време. Оваа година ремонтот на овие три воздухоплови беше направен и завршен и тие на писта во мај месец оваа година, значи беа целосно подготвени за да интервенираат онаму каде што има криза. Понатаму, минатата година заедно со Министерството за одбрана и внатрешните работи и ДЗС и ЦУК и уште неколку други институции влеговме во процес во коишто ги пренаменивме воените возила во возила во коишто им веше вграден резервоар којшто ние денеска го полниме со вода и ги користиме овие возила, информиран сум дека седум такви беа користени изминативе денови со којшто се справувавме со огнетата стихија тука. Исто така оваа година 300 доброволци беа примени во рамките на ДЗС со договор на дело на определено време во рамките на сезоната и нивниот ангажман се разбира е регулирам од страна на ДЗС, нешто што досега никогаш порано не било направено“, рече Мицкоски

Мицкоски истакна дека оваа година во борбата против пожарите се ангажирани и 300 доброволци во рамките на Дирекцијата за заштита и спасување, со договор на дело на определено време во текот на сезоната.

Eва Тушевска, М-Нет