
Започна тестирањето за реонски попишувачи и инструктори за реон 16 општините Штип и Карбинци во Основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип. Пријавените кандидати се тестираа во три временски периоди и како што истакнаа надлежните одзивот е задоволителен. Тестовите заполагање овој пат беа направени во две групи и од утринава немаше пречки ниту застој во тестирањето, и истото се одвива во четири училници.
„Во секоја училница има по 15 луѓе односно како што налагаат протоколите за одвивање на тестирањето. Одзивот е многу добар, многу мал процент некаде околу 3 до 4% од пријавените не се јавиле точно во терминот, меѓутоа им дозволуваме да дојдат и во друг термин“ – истакна Соња Китанова, претседател на КПР 16
На вратата во училиштето се вршеше мерење на температурата, дел од кадидаите приложуваа и сертификат за вакцинација но во случајов тоа не е задолжително како во угостителските објекти, обложувалници и казина. Во меѓувреме пак до среда е отворен конкурсот за дополнително пријавување на кандидати за попишувачи и инструктори, а истите по завршување на конкурсот ќе се тестираат.
„Бидејќи конкурсот ќе трае уште една недела до наредната среда веднаш штом ќе заврши ќе добиеме податок од Државниот завод за статистика кој се пријавил на дополнителниот конкурс и ќе биде овозмоѓено тестирање и на тие кандидати. Сега за сега ние имаме доволен број на кандидати, меѓутоа треба да имаме 10% резерва, а таа резерва ја немаме„ – додаде Китанова.
Мал дел од кандидатите кои од оправдани причини не успеале да се појават денеска на тестирање, а се најавиле истото ќе може да го сторат утре во просториите на големата сала во Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет