Миле Лефков држи предавања од областа на информатичките технологии. Смешно. Веќе не е ни за приказна. Смешно е што прави криминалната група ВМРО. Смешно е сè – само да не е на грбот на народот и на трошок на граѓаните на Македонија. Ова е само обид за манипулирање со фактите, велат од СДСМ.
Прашуваат, каква врска имаат националните дата-центри со центрите што Мицкоски ги гради.
„Зошто ги буните граѓаните? Мислите дека сите се наивни?
Немате повеќе каде. На сите им е јасно. Договори под радарот за сè.
Јасно е дека Мицкоски сè договорил под маса. За „некој“ инвеститор. Не знаеме име, не сака да ни каже – но знаеме кој ги дава сите ресурси: струја, вода, земја. Тоа го даваат граѓаните на Македонија“.
Профитот од дата-центарот, како што велат, не оди во државната празна каса „(сè е потрошено на криминални тендери), не оди кај граѓаните. Нема работни места во дата-центарот. На сите им е јасно кај кого ќе оди профитот.
Лефков може да држи предавања колку што сака. Фактите остануваат исти: едно е национален дата-центар за државни институции, сосема друго е дата-центар за неименуван инвеститор од Мицкоски, што ќе ги троши ресурсите на граѓаните.
Доста е од манипулации. Доста е од лаги“.
Текстот Лефков – „стручњак“ за информатички технологии, сајбер безбедност и изградба на дата-центри, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.