
Гужва, редица граѓани и во новата година чекаат за прoмена на личните документи. Сликата во Штип ваква беше и претходната година, а граѓани велат дека и сега ред чекаат и по неколку часа за да можат да ги применат личните докумети до дадениот рок.
Заради вакава ситуација на терен претседателот на државата Стево Пендаровски предложи да се одложи рокот за промена на личните карти и патните исправи барем до септември или октормври оваа година. Дециден е дека не бегаме од обврските од Преспанскиот договор, па истакна дека ваков предлог дал на двајца министри.
Премиерот Димитар Ковачесвки посочи дека оваа одлука ќе биде разгледана, и потоа ќе се одлчучи дали има простор да се прологираат роковите. Истакна дека за ваквата одлука мора да се разговара и со соседна Грција.
„Веројатно оти голем број граѓани треба да го исполнат законскиот рок во однос на менување на патните исправи има гужва. Прво ќе се консултирам со двајца министри, сите предлози за мене се добри кои можат да унапредат нешто“ – вели Ковачевски.
Рокот за промена на личните документи со новото уставно име на државата е 12 февруари 2024 година.
Лаура Стојанова М-Нет