
Покачена телесна температура и кашлица, ваквите симптоми кај пациентите ги наполнија амбулантите. Вирусите и инфекциите се јавуваат како причинители, најчесто се зафаќа горнореспираторниот тракт, но ако кашлицата продолжува може да се префли и на долнореспираторниот тракт. Лекарите советуваат доколу по два дена внесување на витамини и антибиотици симптомите не се намалат задолжително да се посети лекар.
„Инфекциите овој период од годината се доста чести. Причинители се вируси и бактерии. Вирусните инфекции најчесто го зафаќаат горереспираторниот тракт, инфекцијата трае два до три дена. Како најчести симптоми кај овие пациенти, течење на носот, болки во телото, кашлица, температура од 37 до 38 степни. Затоа препорачуваме да се почне со терапија, а ако нема подобрување да се посети лекар“ – вели Тодоров.
Во пресрет на најавените ниски температури периодот кој следи, лекарите велат надвор да не се излегува непотребно. Дополнително апел има и за хронично болните пациенти на кој дополнително влијае и загадениот воздух.
„Најчесто препорачуваме да не се излегува надвор без соодветна причина, граѓаните да седат во нивните топли домови и да се пијат топли напитоци.“ – вели Тодоров.
Хронично болните над 65 години и децата се во категорија граѓани кои најчесто ги полнат амбулантите, ама пациенти има од сите возрасти, додаваат лекарите. Апелираат граѓаните да водат грижа за сопственото здравје и да ги следат нивните препораки.
Лаура Стојанова М-Нет