
Раздвижен и задоволителен пазарот во Кочани денеска. Избор на зеленчук и овошје имаше на речиси секоја тезга, се продаваат последните залихи за зимница. Продавачите и трговците задоволни од побарувачката од утринава, велат дека цените се реални, иако производството е се помало.
„Од сабајле има малку раздвиженост ама куповната моќ е послаба. Луѓето реагираат на цените оти нема побарувачка на роба, нема производство. Сега е веќе крај на производство нема. “ – велат продавачите.
Задоволни од пазарниот ден беа и поголем дел одкупувачите. Цените како и претходниот четврток дури на некои производи се забележува и благо опаѓање на истите.
„Пазарот е како и секој четврток, штом малку луѓе работиме такви ќе се цените не треба да замеруваме. Кој си има пари пазарот не е скап. Има се.“ – велат граѓаните.
Корнишони, карфиол,морков, празот како и сезонското овошје денеска беа најбарани и напродавани на пазарот во Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет