
По најавата на Јорданов за почеток на градежни активности за нова водоводна мрежа во населба Каваклија во Штип, реакција пристигна и од Министерството за Транспорт и врски. Од таму велат преоктот е на ова министерство и е финасирано од нивна страна, во висина од 8,7 милиони денари.
„Проектот за изградба на овој водоснабдителел систем е инициран од граѓаните во овие населени места и истиот е предвиден во буџетот на Министерството за транспорт и врски минатата година. Преку реализација на овој проект излегуваме во пресрет на жителите на овие населби во Штип, како и останатите жители каде се реализираат бројни проекти со средства од Министерството за транспорт и врски.„ истакнаа од министерството.
Покрај овој проект, во општина Штип завршивме со изградба на водоснабдителен систем во населбата Македонка, во моментот работиме на реконструкција на две улици и тоа „Панче Караѓозов“ и раскрсницата на Сењак, а оваа година ќе започне реконструкцијата уште на три улици во Штип, „5-ти Конгрес“, „Браќа Даневи“ и улицата „Солидарност“, за што вкупно инвестираме 53 милиони денари.
Активно ја градиме и браната на река Отиња за што инвестираме 306 милиони денари.
Министерството за транспорт и врски и во наредниот период ќе продолжи со поддршка на локалните самоуправи заради урбаниот развој и поквалитетен живот за граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет