
Директорите на јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“ во Штип, кандидатити за претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип. Имено, на конкурсот кој заврши вчера и Ефтимов и Здравков се дел од кандидатите и двајцата очекуваат подобрување на условите за подобар живот во Штип. Со реорганизација на партијата, директорите очекуваат превземање и на централната власт. Одговорноста е голема, но тие како што истакнаа свесни се и подготвени да дејствуваат и на двете позиции.
„Се јавив на јавниот повик пред сѐ моите побуди се од идеолошки причини и вредностите кои ги има ВМРО ДПМНЕ како демохристијанска партија, како млад човек кој од свои 18 години сум ги минал сите структури во ВМРО ДПМНЕ, сметам дека сега е време и период да земеме уште поголеми одговорности“ – кажа Здравков.
„Јас се пријавив бидејќи сметам дека како општествена личност, како човек кој има многу придонесено за партијата, како портпарол овие пет години се боревме за она кое што сме денес, да имаме Локална власт и сметам дека со реорганизација на партијата ќе ја добиеме и Централната власт.“ – додаде Ефтимов.
Досега претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип, беше сегашниот актуелен градоначалник Иван Јорданов. Тој на оваа позиција беше од август 2017 година, со повторување на неговиот мандат и во септември 2020 година, што значи на оваа позиција е два мандати.
Инаку, по вчерашното завршување на јавниот повик следуваат неколку фази на интервју и селекција на кандидатите, а за неколку недели Извршниот комитет треба да донесе одлука и да се знае кој ќе седне на местото на Јорданов како нов претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип.
Лаура Стојанова М-Нет