Расчистени 11 кривични дела, лишени од слобода шест лица и еден малолетник во Штип

Расчистени 11 кривични дела на територија на Штип и Карбинци, лишени од слобода шест лица. Кривичните дела се направени во почетокот на месец јануари и во првата половина од месец февруари оваа година. Се крадело на дрзок начик и со разбојништво и во Штип и во Карбинци. Извршителите на делата се лица од 19 до 47 годишна возраст, а учествувало и едно малолетно лице.

„Полициски службеници од отсекот за општ криминал при СВР Штип по преземени мерки и активности расчистија 11 кривични дела од кои едно разбојништво, две кривични дела тешка кражба на дрзок начин, пет кривични дела тешка кражба и три кривични дела кражба извршени на теритроиите на Штип и Карбинци при крајот на јануари и текот на февруари оваа година. Поради постоење основи на сомнение дека ги извшиле делата лишениод слобдоа биле шест лица, две на возраст од 19 години, едно на возраст од 20 години, две 34 години, едно лице на возраст од 47 години и еден малолетник“- вели Панајотова.

Лицата ги признале делата откако со нив се разговарало во полициска станица и поголем дел од украдените предмети се вратени на сопствениците.

„Во службен разговор тие ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани“

По целосно комплетирање на кривично правните настани против лицата ќе бидат поднесени сооодветни кривични пријави.

Лаура Стојанова М-Нет