Училиштето „Малина Попиванова“ – Кочани со проект со учесници од Бугарија, Италија и Турција

Кочанското основно училиште „Малина Попиванова“ започнува со реализација на Еразмус-проект. Проектот е насловен „Цели за одржлив развој за ученици“ и веќе е во тек, а првата средба со учесниците и партнери во истиот ќе се одржи од 21. до 23 март во Скопје.

„Бидејќи кога аплициравме заедно, сѐ уште важеа ковид-мерките, проектот беше планиран за онлајн. Меѓутоа, како поминаа ковид-мерките, сега самиот проект ќе биде за да се испорача онлајн платформа, изградена за бесплатна употреба, сето тоа што можеше да помогнеме на самите ученици за да бидат вклучени преку онлајн платформа во проектот Цели за одржлив развој на ученици“, вели Благој Петров, директор на ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани.

Во меѓувреме, завршен е еден од проектите коишто исто така во партнерство со организации од Грција и Бугарија, а на во тек е втор проект, чијашто реализација сѐ уште е во тек.

„Завршивме со едниот проект што беше со Грција, Бугарија и невладините организации. При крај сме со вториот проект кој ќе биде во почетокот на април, каде што ќе бидеме во Скопје. Таму ќе има гости од Хрватска, Бугарија, нашите училиште и невладините организации од Скопје. Исто така и тој успешно се реализира и се надевам дека сето тоа што сме го планирале ќе биде и натаму успешно продолжено за наставата за која е и натаму самото планирано“, додава Петров.

Во проектот „Цели за одржлив развој за ученици“ учествуваат училиштето „Малина Попиванова“, организации од Кочани и Скопје, како и од Бугарија (Сливен), Италија (Палермо) и Турција (Анкара).

Ребека Спасова М-Нет