
Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер е нов фудбалер на грчки Панатинаикос. Напаѓачот стави потпис на договор со важност од четири години. Растодер кој е роден во Швајцарија низ целата своја кариера настапуваше за екипи од Швајцарија, а сега ќе заигра во грчкиот фудбал.
Со постигнати 15 гола и шест асистенции, Растодер стана мета на повеќе екипи, а тој се одлучи да ја прифати понудата на грчкиот клуб, а за услугите на Растодер, Панатинаикос ќе му испалти на Тун околу 3,5 милиони евра.
Силекс продолжува со екипирање за новата сезона, откако го промовираше Марио Ричков како ново засилување. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија кој се подготвува во Охрид, го договори Ричков за следната сезона, но и за предизвиците кои кратовци ќе ги имаат во првото квалификациско коло во Конференциската лигата на УЕФА против Динамо Минкс од Белорусија.
22-годишниот фудбалер во кратовскиот прволигаш доаѓа од редовите на Македонија ЃП, а претходно беше дел и од Шкупи и Вардар.
Вицешампионот Шкендија промовираше ново засилување, станува збор за Алмир Криезиу, двете страни ставија потпис на договор од две години.
27-годишниот фудбалер веднаш замина во Словенија, каде ќе му се приклучи на новиот тим на летните подготовки. Криезиу зад себе има одлична сезона во косовскиот фудбал, откако за екипата на Балкани постигна постигна 13 гола во првенството со 14 асистенции, еден гол во Купот со една асистенција.
Низ неговата кариера настапуваше само за косовски екипи, па за него ова е прв интернационален трансфер. Новото засилување на Шкендија досега настапуваше за екипите на Дрита, Арбериа, Черча, Лирија и Ораховац. Инаку, Криезиу е поранешен младински репрезентативец на Косово.
Александар Ванев, М-Нет