Раздвиженост на штипскиот пазар уште пред 9 часот, цените малку повисоки од минатиот петок

Најавите за високи дневни температури, го наполнија штипскиот пазар уште рано наутро. Раздвиженоста голема, добра и побарувачката, но цените малку повисоки од претходниот петок. Продавачите се задоволни од пазарниот ден и посочуваат дека цените на некои производи дополнително ќе се намалат иако овој петок основните продукти се со нешто повисоки цени.

И купувачите прилично задоволни од состојбата на градскиот пазар. Велат дека цените не се пристапни за сите, ама секој купува колку може. И тие констатираат нешто повисоки цени за разлика од минатиот петок.

Дињата и лубеница и понатаму се со нешто повисоки цени, а на пазарот најмногу се купуваат овошјето, краставиците и доматите, посочуваат продавачи.

Ребека Спасова М-Нет