Радовиш го гради ростерот за новата сезона во Суперлигата, промоција на нови играчи во прволигашот Драчево

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Суперлигашот Радовиш продолжува со градењето на ростерот за новата сезона, која треба да започне во првиот викенд од месец септември.

Радовишани веќе го договорија голманот Даниел Ацев, како замина на Кристијан Костадиновски кој замина во редовите на прволигашот Младост од Богданци. Ново име во редовите на Радовиш е и десното крило Мартин Димов, како и левиот бек Филип Сиљанов, а во пакет со нив од Борец ФЛ доаѓа и левниот бек Илија Табаков.

Прволигашот Драчево гради тим со кој ќе сака да се бори за влез во ракометната елита на Македонија, а за таа цел клубот досега претстави четири нови играчи.

Нови имиња во Драчево се Филип Петровски, Филип Фидановски, Антонио Николовски и левиот бек Андреј Крстевски.

Екипата која ќе заврши на првото место во Првата лига има директен влез во Суперлигата, а пак втората екипа ќе игра бараж за можен влез во Суперлигата.

Александар Ванев, М-Нет