
Искусниот стопер Диме Димов одигра одлична сезона во дресот на Локомотив Софија од Бугарија, статистички перфектна сезона. 30-годишниот дефанзивец одигра 35 од можни 36 натпревари, еден пропушти поради пет жолти картони, поминувајќи 3264 минути на фудбалските терени.
Бугарскиот клуб во кој настапува македонскиот интернационалец ја оствари својата цел, односно да избори опстанок во фудбалската елита на Бугарија откако Локомотив заврши на 12-тото место од 16 екипи.
Опстанокот на Локомотив во елитата значи дека Димов ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во новата сезона бидејќи тој има уште една сезона од неговиот договор.
Радовишанецот има настапувано за Металург, Кожуф, Гостивар, Хоризонт од Турново, Академија Пандев односно Брера Струмица, а Локомотив Софија е нов прв меѓународен предизвик. Според проценките на „трансфермаркт“ вредноста на Димов се проценува на 250.000 евра.
Александар Ванев, М-Нет