Ракометните тренери сте стекнаа со лиценци, одржан семинар за ракометни тренери во Охрид!

ФОТО: Телевизија М Нет

Овој викенд во салата „Билјанини Извори“ во Охрид се одржа семинар на ракометни тренери во организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија.

Лиценцата која се добива на овој семинар е задолжителна за сите тренери кои ќе водат екипи, па така овој викенд во Охрид беа собрани сите ракометни тренери на едно место.

На семинарот предавања имаа професорот Гино Стрезовски, Драган Ѓукиќ кој е поранешен тренер на Вардар и екс селектор на Македонија, делегатот Драган Начевски, како и Бранко Ангеловски и Кристијан Грчевски кои имаат Мастер Коуч лиценца.

Тренерите се стекнаа со лиценцата со која може да водат екипа во новата сезона, со оглед дека таа лиценца е задолжителна и без неа не може да се води екипа од натпреварувањата кои се организирани од страна на Ракометната федерација на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет