Јени Маале клуб со европски манири, прослави 15 години и ја промовираше клупската химна

ФОТО: Телевизија М Нет

ФК Јени Маале е клуб во европски манири, прослави 15 години од своето постоење на начин на кој ниту прволигашите во Македонија не прославуваат титули, ја промовираше својата клупска химна, а на едно место беа собрани фудбалски легенди од Битола и Македонија.

Клубот се натпреварува во Четврта лига, го освои Купот на ОФС Битола, има одиграно пријателски натпревари со прволигаши, гостувања во странство, а организациски клубот е на многу високо ниво, па прволигашите дефинитивно треба да учат како треба да се организираат.

Прослава со сите нишани, со почит и внимание за секого, беше промовирана и клупската химна која е насловена „Срце за Јени Маале“, а за 10-тиот роденден го прмовираа и својот документарен филм насловен како „Којоти на c полна месечина“.

Клубот е вистинска хемија за пријателство и другарство, за дружба и забава, аматерски клуб кој нема цели да се натпреварува во повисок ранг на натпреварување.

Јени Маале покажа многу за македонскиот фудбал и докажа како треба да се организира еден клуб, Јени Маале е пример за успешна организација во секој сегмент, од каде треба да се научат многу работи. Во овој клуб поминале над 117 регистрирани фудбалери.

Телевизија М Нет доби благодарница од ФК Јени Маале за медиумска поддршка и соработка.

Александар Ванев, М-Нет