Работнички започнува со промени во ростерот, заминувања има и во Силекс

ФОТО: ФК Работнички

Работнички ќе биде во изминет лик во пролетниот дел од сезоната на Првата лига, а во насока на подобрување на резултатите во тешката борба за опстанок во прволигашкото друштво.

Откако претходно тимот од Дебар Маало се раздели со српскиот стратег Ален Тупајиќ, клубот се раздели и со неколку фудбалери. Од Работнички заминува искусниот дефанзивец Виктор Велкоски, а претходно клубот ја прекина соработката со бразилскиот напаѓач Калани Алмеида, кој не успеа да постигне ниту еден погодок и не ја оправда довербата. Работнички објави дека се разделува и со Демир Имери и Џелил Асани.

Тимот ќе мора во зимскиот преоден период да ангажира соодветни и квалитетни засилувања со цел во пролетниот дел да влезе максимално консолидиран за да го избегне најлошото – испаѓање во Втора лига.

Реконструкција во ростерот ќе има и кај Силекс, прволигашот од Кратово се раздели со тројца фудбалери. Заминува офанзивецот Алдин Хрвановиќ кој пристинга од Слобода Тузла, но имаше солидни настапи за Силекс, заминува и Миљан Говедарица, а од клубот заминува и македонскиот фудбалер Бојан Рајков.

Во следниот период тимот се очекува да започне со промоција на првите зимски засилувања за вториот дел од сезоната.

Александар Ванев, М-Нет