Работник на пат пренесен во Клиничка болница Штип, се здобил со тешки телесни повреди

На 09.02.2021 во 09.20 часот во Полициската станица Кочани, од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 09.00 часот Т.А. (60) од Скопје,  додека изведувал градежни работи на патот во изградба кај с. Спанчево, кочанско, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани.