
Веќе 20 години Сулејман од село Шашаварлија, штипско, заедно со неговотo семејство се занимава со одгледување и производство на тутун. Пред две недели расадот веќе е засаден, а за два месеца тутнот ќе се посади на нива. Работа има за цело лето, кога, впрочем, се бере и се суши, па потoа истиот се продава. Сулејман вели дека работата е тешка и макотрпна, ама друг избор на село немаат, па затоа мора да се занимаваат со нешто. Охрабрува фактот дека минатата година откупот бил солиден, па има простор за надеж и оваа година.
„Па сега, еве, пред десетина денa го посадивме и сега ставаме прачки за најлонот да биде повисок, да не допре до расадот, после два месеца го садеме на нива и потоа цело лето го береме и сушиме. Многу работа има, тешка е работата ама мора, во село мора да се работи. Не се исплаќа, еве само оваа година што се плати, добро беше, ама претходно беше катастрофа.“ – вели Сулејман.
За разлика од годините претходно кога речиси секое семејство се занимавало со производство на тутун, сега бројката е драстично намалена. Но ова е поради фактот што најголем дел од маладите егзистенција бараат или во градот или надвор од гранците на државата. А поднебјето во село Шашаварлија ги нуди сите предуслови за квалитетен тутун.
„Сонце, вода не треба, тутунот не бара вода, успеава на високо место и си бара сонце. Кај нас успева тутнот. Работам со сопругата и децата. Нема кој да работи, младите не сакаат да работат тутун, сите бегаат и бараат подобар живот.“ – додава Сулејман.
Откупот на тутун од годините наназад беше вистинска мака за произведувачите, бидејќи се нудеа ниски цени, а се класифицираше и во пониски класи.
Лаура Стојанова М-Нет