
Просечната плата во март изнесувала над 48 илјади денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците на ДЗС, во периодот од март 2025 до март 2026 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е зголемена за 8,2 проценти.
Од Заводот информираат дека растот најмногу се должи на зголемувањето на платите во секторите Транспорт и складирање за 15,6 проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 12,2 проценти и Информации и комуникации за 11,6 проценти.
„Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48 433 денари.
Во март 2026 година, во однос на март 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.2 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 15.6 %, Дејности во врска со недвижен имот за 12.2 % и Информации и комуникации за 11.6 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 10.9 %, Дејности во врска со недвижен имот за 9.1 % и Информации и комуникации за 8.5 %.“, вели статистика на државниот завод
Според информациите, за еден месец платата во секторот транспорт и скадирање се зголемила за 10.9 проценти, дејности во врска со недвижен имот за 9.1 пронцет, а информации и комуникации за 8.5 проценти
Иван Митев, М-Нет