
Промовирани 17 доктори на науки на УГД Штип, во низата настани за одбележување на 16 годишнината од постоењето на универзитетот. Денеска во свечената сала во ректоратот беа промовирани доктори на науки од Штип, но и од останатите градови од државата. Во оваа прилика ректорот професор Дејан Мираковски исткана дека очекува бројот на доктори на науки постојано ќе расте бидејќи и бизнис секторот и новата индустрија бараат многу повеќе знаење за разлика од претходно.
„Доделување или свечена промоција на доктори на науки, на вкупно 17 кандидати. Имаме студенти од речиси сите кампуси и се надевам дека оваа пракса на зголеумвање на доктори на науки, бројот на високо стручен кадар ќе овозможи унапредување“ – вели Мираковски.
Опфатените теми според новите доктори на науки од разни области ќе бидат доста применувани во пракса, а со тоа ќе се помогне на бизнис секторот, институциите и компаниите.
„Темата на мојата доктрска дисертација се глобалните стопански текови и нивните примени односно нивното влијание врз маркетинг каналите. Примената во општеството би била многу голема, доколку секој од нас го свати значњето и она како маркетинг каналите влијаат на тоа да ни се поедностави секојдневното живеење. Беа опфатени бизнис секторот, потрошувачите, компани од различни компании“ – вели Арсова.
Знаењето се користи се повеќе во денешното општество и доколку расте бројот на доктори на науки државата се приближува кон развиените земји во кои знаењето се почитува и е на високо ниво.
Лаура Стојанова М-Нет