Проектот „сејф сити“ ќе се проширува во поголемите градови меѓу кои и Штип, дециден е Спасовски

Освен Скопје, Куманово и Тетово проектот за „сејф сити“ треба да се проширува и во останатите поголеми градови меѓу кои и во Штип, посочи министерот за внтаршени работи, Спасовски од Штип. Вели иако статистиката покажува дека Штип и Истокот се мирно подрачје сепак со ваквиот систем дополнително ќе се зголеми безбедноста во државата.

„Во овој момент имаме Скопје, Тетово и Куманово. Во тек е процес за надграба на целиот овој систем, тоа го вклучува и автопатите низ државата и овие три града и овде ќе се вклучат секако и електронско сообраќајните прекршоци и секако дека идејата е да се проширува. Треба да се проширува пред се во големите градови, Штип е еден од тие. Иако мора да кажеме дека Штип и подрачјето на Истокот е мирно и стабилно“ – додава Спасовски.

Идејата за проширување на овој проект е со цел да се има надзор во градовите и на тој начин поголема сигурност и безбедност кај граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет