
Денес на Градскиот стадион во Штип се одигра пријателски натпревар меѓу прволигашот Брегалница и амбициозниот второлигаш Детонит Плачковица, натпревар кој заврши без победник, но и без голови (0:0).
Интересно за овој натпревар е што и двете екипи се предводени од штипски стратези. Горан Здравков е тренер на штипските „сини“, а пак Иван Варадиновски ги предводи радовишани.
Двајцата тренер им дадоа шанса на фудбалери со цел воигрување на екипата и проверка на формата во фаза кога се работи на подигање на формата за пролетниот дел од сезоната.
Александар Ванев, М-Нет