Приведен штипјанец при кражба во Уметничката галерија Безистен во Штип

На 03.01.2022, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Н.(26) од Штип. Тој бил затекнат при извршување кражба од Уметничката галерија Безистен во Штип. Исто така, тој се есомничи и дека претходно во неколку наврати извршил кражби од галеријата, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и биле предадени на Националната установа завод и музеј Штип. По целосно документирање на случајот против С.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.