
На 03.01.2022, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Н.(26) од Штип. Тој бил затекнат при извршување кражба од Уметничката галерија Безистен во Штип. Исто така, тој се есомничи и дека претходно во неколку наврати извршил кражби од галеријата, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и биле предадени на Националната установа завод и музеј Штип. По целосно документирање на случајот против С.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.