
За утре е закажано првото авионско прскање против возрасни комарци на територијата на Општина Штип во раните утрински часови. Истоврмено утре ќе се спорведе и првата дератизација на 160 канализациони шахти во Штип со цел заштита на населнието од заразни болести предизвикани од стаорци. Првиот човек на градот под Исарот, доктор Сашко Николов истакна дека оваа одлука за прскање против комарци е резултат на барањата на граѓаните, со цел комарците да бидат уништени.
„Во текот на утрешниот ден од 5:30 до 7:30 часот наутро ќе се изврши авионска дезинсекција за уништување на возрасни комарци на некаде територија од околу 850 метри квадратни, каде ќе бидат опфатени целтралното подрачје и приградските населби, теченијата на реките Отиња и Брегалница. Затоа јавно ги повикуваме сите пчелари да си ги преземат потребните дејствија за заштита на своите плечи. Паралелно со оваа активност во текот на утрешниот ден ќе се одвива и дератизација на 160 канализациони шахти во нашата општина“ – истакна Николов.
Претходно во Штип се спороведоа неколку прскања против комарци ама од земја. Николов истакна дека реакциите од граѓаните не биле во насока дека овие прсања вродиле со плод. Затоа се одлучиле да отворат тендер и за воздушно прсање против комарци.
„Општината секогаш ги презема инструкциите кои што епидемиолошкиот завод ги дава на тоа како треба да ги уништуваме инсектите кои се штетни за општината и за нашите сограѓани. Од претходната година анализите покажаа дека треба да има земјено прскање со некакви таблети, ние тоа го правевме и тендерот беше распишан во таа насока. Но, имамвме голема реакција од нашите граѓани, генерално ние бевме сведоци на зголемениот број комарци, распишавме тендер за воздушно прскање“ – додаде Николов.
Временските услови и температурите, но и рекациите од граѓаните ќе покажат дополнително дали има потреба за спроведување и на второто авионско прскање против комарци во Штип или не.
Лаура Стојанова М-Нет