
Фудбалскиот клуб Бергалница оставен во катастрофална состојба. Наместо да се гради, развива и модернизира, клубот е сведок на деградација , велат од ОО СДСМ Штип. Претседателот на огранизацијата Павел Иванов истакна дека тоа е резултат од недоволната поддршка и лошото менаџирање од страна на општината, па иако се издвојуваат милиони од општинскиот буџет, сепак според него реалната слика покажува дека тие не се користат ефикасно.
„ФК Брегалница, клуб со 100-годишна традиција, кој секогаш бил симбол на фудбалот во нашиот град, денес е оставен во катастрофална состојба. Наместо да се гради, развива и модернизира, клубот е сведок на деградација и пад, што директно го покажува односот на локалната власт кон спортот.
ФК Брегалница повеќе не е во елитното друштво на македонскиот фудбал. Наместо да се натпреварува со најдобрите, клубот е турнат во Втората лига, што е срам за град со спортска историја и публика која со децении го поддржува тимот. Ваквиот пад не е случаен – тој е резултат на негрижа, недоволна поддршка и лошо менаџирање од страна на општината.
Иако се издвојуваат милиони денари од општинскиот буџет за клубот, реалната слика на терен покажува дека тие пари не се користат ефикасно.“, вели Иванов
Со вложените средства граѓаните добиваат запуштен терен кој не се одржува рече Иванов, посочувајки дека фудбалерите имаат минималните услови за одигрување наптревари, недоволна инфраструктура, како и нула развој на младинските категории.
„Што добиваат граѓаните и фудбалерите за тие вложени средства? Запуштен терен кој не се одржува, минимални услови за одигрување натпревари, недоволна инфраструктура и нула развој на младинските категории.
Градоначалникот ветуваше изградба на источна трибина – но тоа ветување остана само на хартија. стадионот останува во полураспадната состојба, без соодветни услови за играчи, навивачи и клубот во целина. Градот заслужува модерен, репрезентативен стадион кој ќе ги исполнува европските стандарди, но добива само аматеризам и неодговорност.
Локалната власт мора да покаже вистинска грижа за спортот и клубот кој е дел од историјата на Штип.
Она што дополнително посочија од ОО СДСМ Штип е тоа дека градот заслужува модерен, препрезентативен стадион со што локалната власт мора да покаже вистинска грижа за спортот и клубот, кој е дел од историјата на Штип
Иван Митев, М-Нет