Прегорен шеќер со ракија – народен лек што Штипјани го пијат против кашлица и болки во грлото

Прегорен шеќер со ракија – напиток што за многумина не е алкохол, туку лек против кашлица во кој веруваат генерации. Домашен рецепт што се подготвува во секој дом уште при првите симптоми на настинка. Се користи со години, пренесуван од баби на внуци како сигурна помош. Некои велат дека делува веднаш, други дека без него не поминува зима. Граѓаните објаснуваат дека шеќерот најпрво се прегорува на тивок оган, а потоа се прелева со ракија и се пие топло.

И оваа зима, штипјани не се откажуваат од прегорениот шеќер со ракија како прва помош против кашлица. И покрај студот и настинките, овој народен рецепт останува дел од секојдневието во Штип

Прегорениот шеќер со ракија и понатаму останува омилен лек на Штипјани, потсетувајќи дека понекогаш најдобрите лекови се оние што доаѓаат од кујната на нашите баби и дедовци.

Иван Митев, М-Нет