Првото коло и дерби во Штип: Мал Ајакс – Овче Поле, Кратово ќе гостува во Кочани, новата сезона носи и еден дебитант

По стартот на сезоната во Првата футсал лига, во викендот кој што доаѓа ќе започне и новата сезона во Втората футсал лига со мечевите од првата рунда.

Со два лански прволигаши и со еден дебитант, сезона во која неколку екипи ќе атакуваат на првите две позиции кои водат кон Првата футсал лига.

Мал Ајакс од Штип и Балкан од Скопје испаднаа од елитата, двете екипи одново ќе бидат меѓу кандидатите за влез во Првата футсал лига, а од друга страна како кандидат кој се наметнува е и Црна Река, поранешниот прволигаш од Кавадарци сака кам-бек во елита.

Првото коло го носи и дербито во Штип на два поранешни прволигаши, Мал Ајакс против Овче Поле, Балкан ќе ја пречека прилепска Победа, во Кочани силите ќе ги одмерат Фудбал Старс и Кратово, Каршиака на домашен терен ќе игра со дебитантот Шутка 1, додека пак тимот на Црна Река во првото коло ќе биде слободен.

Александар Ванев, М-Нет