Првата од четирите улици за реконструкција во Карбинци подготвена за асфалтирање

Започнаа активностите со кои првата од четирите предвидени улици за реконструкција во село Карбинци се подготвува за асфалтирање. Наместо по кал и прашина по долги години жителите од ова населено место добиваат реконстурира улица која води до нивните домови. Општина Карбинци за оваа инвестиција издвои околу две милиони денари, а се работи по барање на жителите.

„Продолжуваме со градежната офанзива оваа година со тоа што на потег се оние четири улици кои ги најавив во село Карбинци. Денес започнуваме со првата улица во село Карбинци, ова се улици со мала должина, но кои се важни за овдешните жители. До сега луѓето се движеа во кал и услови кои не се нормални за ова време.“ – вели Паунов.

Задоволни од она што се работи на терен се и жителите кои живеат овде. Велат конечно добиваат услови соодветни за живот во 21 век.

Во оваа прилика Паунов истакна дека продолжувааат со засилено темпо градежните активности на терен. Две нови детски игралишта, нова инфраструктура се само дел од проектите кои се предвидени за реализација.

„Продолжуваме со исто темпо, ќе следат неколку нови проекти понатаму, пред се во делот на патната инфраструктура, но и проекти кои ќе значат подобрување на квалитетот на живот и во други сегменти“ – додава Паунов.

Претходно се реконструираше и улица во село Таринци, дел од проектот за реконстуирање и асфалтирање на улички во неколку населени места во Карбинци.

Лаура Стојанова М-Нет