
Противпожарни апарати треба законски да имаат сите објекти со цел заштита при можна појава на пожар. Од дирекцијата за заштита и спасување при СВР Штип иформираат дека видот и количината на противпожарните апарати се одредуваат според класата на пожарот, површината на објектот како и според неговото пожарно оптоварување. Доколку пожарното оптоварување е ниско и површината на објектот е мала, треба да има од еден до три противпожарни апарати, а доколку површината голема тогаш бројот на апаратите може да достигне и до 28. Во случај кога пожарното оптоварување е средно бројот на протвпожарни апарати се движи од еден до 50, а доколку е високо оптоварувањето бројот се движи од 2 до 90.
,,Во зависност од големината на површината на објектите и пожарното оптоварување, зависи колку противпожарни апарати законски треба да има во просторијата. Кога површината е од 50 до 500 м2 за ниско пожарно оптоварување се препорачува од 1 до 2 апарати. Кога пожарното оптоварување е средно бројката изнесува од 1 до 3, а кога нивото е високо бројката е од 2 до 5 противпожарни апарати. Кога површината на објектот изнесува од 500 до 5000 за ниско ниво на противпожарно отоварување бројот на апарати се движи од 3 до 8, а кога е за средно ниво од 4 до 14. Ако на истата површина оптоварувањето е високо се препорачува од 6 до 22. Во случај кога површината изнесува од 5000 до 10 000 м2, тогаш бројката е исто поголема. За ниско ниво се препорачува од 8 до 24, за средно од 14 до 40, а за високо ниво на пожарно оптоварување од 22 до 70 пп апарати. За површина над 10.000 м2 бројките на апаратите е од 28 до 90.“,информираат од Дирекцијата за заштита и спасување Штип
Во согласност со ситуацијата, на секој противпожарен апарат има контролен картон со потребни податоци. На телото на апаратот текстуално и сликовито е опишан начинот на употреба. На секој противпожарен апарат има налепница со ознаки за средството за гасење со кое е наполнет, количината на средството, класите на пожар за кој и е наменет и упатство за активирање. Противпожарните апарати треба да бидат поставувени на видни и леснодостапни места или во непосредна близина на места и опрема со зголемена опасност од појава на пожар, на висина од 1.5 м. од подот до рачката на противпожарниот апарат, а над него се поставува табла со натпис противпожарен апарат или уште познато како (ППА).
Иван Митев, М-Нет