
По 34 пат во понеделник ќе се разгори суроварскиот оган во населбата Железничка станица во Штип. Со музика, грејана ракија, вино, кршење на славски колач, традиционално жителите на населбата ќе го одбележат големиот христијански празник Св. Василиј Велики и во негова чест ќе се соберат на едно место за да одадат почит и да ја продолжат долговековната традиција. Претседателот Нако Михаилов за М-Нет телевизија истакна дека програмата ќе започне од 18:30 и топло ги покани сите сограѓани да повелат на нивниот настан.
„По повод на големиот христијански празник Св. Василие Велики, ве покануваме на традационално одбележување на 13 први, понеделник со следната програма. Од 18 30 часот, отворање на програмата, 18:50 кршење на славскиот колач, 19 часот палење на суроварскиот оган.“, вели Михаилов
На настанот ќе присуствуваат претставници од локалната самуоправа, политички партии, граѓани, како и претставници од владата, додава Михаилов.
Инаку, настанот се оддржува традиционално секоја година, а истиот има за цел да промовира и да продолжува традиција која постои од дамнешни времиња во чест и слава на Св. Василиј Велики.
Лаура Стојанова, М-Нет