
За прв по 20 години во Штип се организираше едриличарски камп на кој што учествуваат пилоти од повеќе градови во државата. Седум едрилици полетаа денеска, а можност да летаат имаа и млади и надежни едриличари, некои од нив за прв денеска полетаа сами. Заинтересираноста е задоволителна, а можеше да учествува секој кој има важечка дозвола за пилот на едрилици и важечко лекарско уверение.
„Во организација на Аеро клуб Штип и Риминер Штип се организира прв едриличарки тренинг камп кој што има за цел да ги собере сите пилоти на едрилици од Македонија да изведат тренинжни летови во дисциплина прелети. Треба да се напомене дека ваково нешто се случува за прв пат после 20 години и имаме доста млади едриличари кои немале искуство да летаат прелети“ – истакна Никола Ивановски, Член на Аеро клуб Штип.
Учесниците кои утринава беа присутни на аеродромот во Штип задоволни од организацијата и начинот на кои се одвива настанот. Имаше претставници од Прилеп, Битола, Кманово и Штип и сите тие кажаа дека со задоволство потвроно би биле дел од ваков наста.
Утринава за прв пат само во едрилица седна и младиот Никола Камчев од Штип. Како што истакна не му било потребно многу време за да се може сам да полета, но желбата била преголема, а стравот речиси и не постоел.
Едриличарскиот капм во Штип започна на 22 септември, а ќе завшри утре вечер. И покрај тоа што првите два дена временски услови биле лоши, сепак организаторите се презадоволни од настанот и од постигнатите цели.
Лаура Стојанова М-Нет