Почина Љупчо Грнчиштанов, обвинет во предметот за пожарот во Пулс

54-годишниот Љупчо Грнчиштанов, главен инспектор во Државниот пазарен инспекторат и обвинет во судскиот предмет поврзан со пожарот во „Пулс“, почина откако му се слошило во домашни услови, информираат надлежните институции.

Грнчиштанов долги години ја извршувал функцијата генерален инспектор и раководел со Инспекциската служба во Државниот пазарен инспекторат во периодот од 2013 до март 2025 година.

Во рамки на постапката тој беше обвинет за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, поврзано со случајот за пожарот во „Пулс“.

За време на истрагата, поминал 77 дена во притвор, по што мерката била заменета со куќен притвор кој траел околу 14 месеци.

Во судницата, Грнчиштанов се приклучил на излагањето на својот адвокат и изразил сочувство до семејствата на загинатите.

Истовремено, тој изразил и желби за брзо закрепнување на повредените во трагедијата.

Случајот и понатаму останува дел од пошироката судска постапка поврзана со пожарот во „Пулс“.

Дајана Сандева, М-Нет