
Во сабота на 17 април 2021 година ќе се одиграат натпреварите од редовното 23 коло на ВМФЛ – Исток. Од канцеларијата на Брегалница стигна информацијата дека ќе дојде до промена на местото на одигрување на мечот Брегалница – Росоман. Имено поради реконструкција на теренот на „градски“ и посејување на нова трева овој натпревар наместо во Штип ќе се одигра на стадионот Никола Мантов во Кочани. Според информацијата од Генералниот секретар на ФК Брегалница, Александар Иванов, како резервен терен Брегалница го има пријавено стадионот во Пехчево, но бидејќи тимот на Кит Го во истиот термин ќе биде домакин на Кожув се дојде до ова решение. Еве ги комплетните двојки за ова 23 второлигашко коло:
- Каменица Саса – Победа
- Слога – Плачковица
- Брегалница – Росоман
- Тиквеш – Осогово
- Кит Го – Кожув