
ЈП Исар ги известува граѓаните дека поради реконструкција и приклучок на нова водоводна линија на улица 11 Октомври, утре без вода за пиење ќе бидат улиците: Радански пат, 11 Октомври, Питу Гули, Еврејска, Пиринска, Иво Лола Рибар Широк дол, Сутјеска, дел од Христијан Карпош, дел од Коле Неделков. Приклучувањето на новата линија ќе започне во 00:00 и ќе трае се до завршување на активностите.