Познати судиите кои ќе им судат на Силекс, Работнички и Вардар во првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА!

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на Силекс, Работнички и Вардар во првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

УЕФА за мечот меѓу Силекс и Дечиќ од Црна Гора делегираше судии од Ерменија. Завен Хоф хани сјан ќе биде главен судија на првото соочување кое се игра на 10 јули на стадионот „Тушко Поље“ од 20 часот. Негови помошници ќе бидат Месроп Газарјан и Ваник Симонјан, додека пак за четврти судија е делегиран Вардан Манукјан.

Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека тимот на Ла Фиора од Сан Марино, а за правдата ќе бидат задолжени судии од Андора. Главен делител на правдата ќе биде Антоан Кјарамонти, а негови асистенти ќе бидат Хуан Гују Сера и Карлос Гончалвес, а четврт судија на мечот ќе биде Андреу Симаро. Натпреварот меѓу Вардар и Ла Фиора е закажан за 10 јули во 20:30 часот, а ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Екипата на Торпедо Белаж од Белорусија како домаќин против Работнички ќе игра на неутрален терен поради војната, а тоа ќе биде во Халадаш во Унгарија. За правдата на овој меч се делегирани судии од Грузија. Главен арбитар кој ќе ја дели правдата ќе биде Алеко Аптсиаури, додека пак Леван Варамишвили и Давит Чигодиѕе ќе бидат линиски судии. За четврти судија е делегирани Иракли Квирикашвили. Натпреварот ќе се игра на 10 јули со почеток од 20 часот.

Александар Ванев, М-Нет