
Ноќеска запалено возилото на претходниот началник на СВР Штип, Боби Гидиоски. На улицата Ванчо Китанов, во Штип, на паркинг простотор, возилото било опожарено. Пожарот бил изгаснат од страна на ТППЕ Штип. Ова е втор пат како се пали возилото на Гидиоски. Претходно во јули минатата година, од непознати сторители, на истото место беше запалено неговото возило додека тој ја извршуваше функцијата началник на СВР Штип.
Во полицијата настанот бил пријавен во 00.05 часот. Опожареното возило „фолксфаген голф“ со штипски регистерски ознаки било сопственост на ќерката на Гидиоски, но тој бил корисник на истото.
Во Штип ова е второ запалено возио за само три дена, или четврто за помалку од два месеци.
Во октомври гореше возилото на управителот на М-Нет телевизија, потоа гореше автомобил во населба Балканска, а пред два дена опожарено беше возило на улица Сремски фронт во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет