
Кравари на домашен терен со 2:0 забележа победа над Влазними во рамки на 8. коло од Трета лига – Југозапад и продолжува да го напаѓа врвот на табелата.
Кравари победата ја обезбеди во вториот дел, откако во првиот дел мрежите мируваа. Бошковски во 48. минута погоди за 1:0, а Алимовски во 57. минута ги постави конечните 2:0.
Јанг Тим на домашен терен ја доби голеадата со Демир Хисар откако славеше со 3:2. Натпреварот се решаваше во вториот дел откако во првиот дел немаше погодоци.
Искусниот Сеит Крека во 53. минута постигна гол за 1:0, а потоа голгетерот Стефан Каревски во 62. и 67. минута направи комплетен пресврт за водство на гостите од 1:2. Сепак во финишот на теренот во Мороишта се случи нов пресврт, откако Бетим Баута во 85. минута погоди за 2:2 од пенал, а Зоран Бунчески за 3:2 во 88. минута.
Сатеска на домашен терен со 2:1 беше подобра од Лирија од Грнчари во меч каде за домашниот тим двоен стрелец беше Никола Секулоски, а за гостинот голот го постигна Ледион Сулејмани.
Преспа на домашен терен со трите гола на Нико Пластиновски ја доби екипата на Светлост со 3:0.
Лидерот Кораб од Дебар во оваа коло беше слободен.