
Љубителите на традиционалното пеливанство и народните обичаи на 19 јули ќе имаат можност да бидат дел од уште едно издание на манифестацијата „Свадба на Газда Мумин“, која ќе се одржи на аеродромот Плачковица со почеток во 11:00 часот.
Настанот ќе понуди возбудливи пеливански борби, дружење, музика, храна и пијалаци, а организаторите најавуваат вистински спектакл за сите посетители.
Посебен мотив за натпреварувачите е и богат награден фонд. Главната награда е бик, а покрај неа ќе бидат доделени и повеќе парични награди за најдобрите пеливани.
Организаторите истакнуваат дека целта на манифестацијата е да се негува долгогодишната традиција на пеливанството, да се промовираат спортскиот дух, пријателството, честа и културното наследство.
За сите дополнителни информации и пријавување, заинтересираните можат да се обратат кај одговорното лице за настанот, штипјанецот Бобан Данов, на телефон 070/888-330.
Се очекува и ова издание на „Свадба на Газда Мумин“ да привлече голем број натпреварувачи и посетители од Македонија и регионот, продолжувајќи ја традицијата на еден од најатрактивните настани посветени на пеливанството.