Пешачката зона во „Суитлак“ во Штип претворена во коловоз

Некогаш пешачка зона денеска и покрај тоа што знакот стои сепак истата не се користи само за пешачење, рекреација или прошетка на миленици туку граѓаните минуваат и со автомобили и со мотоцикли. Надлежните се обиделе да стават ред ама изгледа без успешно. Поставени се барикади после Зоолошката градина, но за дел од граѓаните истите не преставуваат пречка за да поминат со нивните возила. Едноставно наоѓаат решение и за ова, барикадите се на страна, а просторот за минување слободен. Граѓаните кои живеат во близина велат не е во ред, бидејќи барикадите не се залудно поставени на оваа локација.

Ако денеска се постават барикадите често пати се случува и веднаш во истиот ден истите да бидат отстранети. Надлежните од ЈП „Стипион“ велат дека потребно е граѓаните да бидат по совесни и да го почитуваат она што е поставено.

„Самата таа улица претставува пешачка зона како што е обележана нели и се случува тие што се барикади познати како „Њу џерси“ да ги отстрануваат и по дојава од граѓани ние повторно ги поставуваме“ – истакна Коштанов.

Коштанов додаде дека за да може да се санкционираат оние граѓани кои ги поместуваат барикадите треба да се активира и полицијата. Истовремено упати апел до сите да ја почитуваат обележаната пешачка зона и истата да се користи за она што е наменета односно за пешаци.

Лаура Стојанова М-Нет