Четири нови приеми во модуларната болница во Штип, 682 новозаразени во цела држава

Четири нови приеми и ниеден испишан пациент од ковид – одделението во Штип. Ваква е ковид – статистиката во Клиничка болница Штип за последните 24 часа. Бројот на амбулантски прегледи е 48, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. Од нив 39 во модуларната ковид – болница и 6 на Кожното одделение. Од вкупниот број вакцинирани се 12 заразени пациенти. Сега во модуларната болница има 8 слободни места, а 4 на Кожното одделение. Нема починати пациенти, информира портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

На територија на цела држава регистрирани се 682 нови случаи на Ковид – 19. Од нив 10 во Делчево, 8 во Пробиштип, 6 во Штип, 5 во Берово, 4 во Кочани, 2 во Виница и по еден во Пехчево и Македонска Каменица.

Во статистиката на МЗ забележани се 32 починати лица, од кои 28 во болнички услови и 4 во домашни услови.

Регистрирани се 1.031 починат пациент. Од кои 5 од Пехчево, 4 од Кочани, 3 од Виница, 2 од Берово и 1 од Македонска Каменица.

Досега во земјата се направени вкупно 1.197.339 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.919, бројката на оздравени пациенти е 160.396, на починати е 6.129, а бројот на активни случаи изнесува 14.394.

Ребека Спасова МНет