
Вчеравечер на плоштадот „Слобода“ во Општина Штип беше презентирана кандидатурата на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, доктор Сашко Николов. Настанот започна со изведба на химната од страна на оперската певица Виолета Арсовска, а продолжи со говор на присутните Министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче, Пратеичката во Собрание и претседателка на форумот за жени Снежана Калевска Ванчева, Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и актуелниот градоначалник на Општина Штип, доктор Сашко Николов.
„Сашко го одликува темелност и одговорност во било која работа која што досега ја работел. И тоа е дел од неговиот работен кодекс, но дел и од неговото однесување и во слободното време кон сите луѓе. Почитувани штипјани, па да го немаше требаше да го измислиме“ – додаде Филипче.
За сработеното во изминатите четири години зборуваше Бочварски, додавајќи дека со Сашко Николов продолжува градот да се движи во вистински правец. Ако на 03 октомври 2017 година општинската администранција немаше пари за исплата на плати, исто како и јавните претпријатија денеска во Штип се работи на капитални проекти меѓу кои и изградба на брана на река Отиња, додаде Бочварски.
Николов откако накратко направи ретроспектива за сработеното во последните 10 месеци откако седна во градоначалничката фотелја, им вети на штипјани и на своите сограѓани посветена работа и заложба за градот под Исарот.
„Ветувам во градот Штип заедно сите со сите проекти кои ќе ги ставиме во програмата ќе го направиме да биде најубав град за живеење, ќе го направиме град на среќни граѓани, ќе го направиме град на весели и радосни деца, град каде што секој ќе посака да живее овде“ – додаде Николов.
Накратко присутните повикаа граѓаните во првиот круг да излезат и да гласаат, а истовремено му ја честитаа предвремено победата на Николов на претстојните локални избори во октомври.
Лаура Стојанова М-Нет