
Следува продолжен викенд, и два неработни денови по повод големиот христијански празник Велигден. Имено неработен ден за граѓаните од православна вероисповед е петок 30 април, додека понеделник 03 мај вториот ден од Велигден е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за Труд и Социјална политика. Согласно со законот за празници во 2021 година, во текот на целата година има 11 неработни денови за сите граѓани на државата и дополнителни 5 неработни денови за граѓаните на шправославна исповед.
По овој продолжен викенд, следен неработен ден за сите гражани на дражавата е 13 мај четврток кога се празнува Рамазан Бајрам. Нареден пак продолжен викенд не очекува при крајот на месец мај, односно 24 мај понеделник кога исто така е неработен ден за сите граѓаните на Република Северна Македонија, ден кога се празнува Св.Кирил и Методиј.
Лаура Стојанова М-Нет