Пензионерите повикуваат на масовност на протестот закажан за 1 декември во Скопје пред Уставен

Во понеделник на 1 декември пензионерите од државата ќе протестираат пред Уставен Суд во Скопје, со цел да продолжи линеарното пресметување на пензиите. Денеска од Штип повикаа на масовност со цел заеднички да се изборат за нивните права.

„Во понеделник во 11 часот пред Уставен Суд во Скопје ќе протестираме, од цела Македонија“ – вели Трајков.

Ако протестот во понеделник не вроди со плод, веќе на 10 декември продолжуваат со протести, бидејќи не се откажуваат од нивните барања.

Додаваат дека освен линеарното усогласување на пензиите ќе бараат и К-15, покачување на посмртнината, како и воведување на пензионерска картичка. Во Штип денеска се собраа пензионерите од Штип, Свети Николе, Скопје, Куманово.

„Сите ќе се залагаме да дојдеме во Скопје, за да и кажеме дека е доста дискриминација. Ние бараме да земеме линеарно покажување на пензиите.“ – вели Јовановска.

„Ќе се бориме покачуваење на посмртннина од 35 000 на 50 илјади денари. Ќе создадеме фронт да се воведе пензионерската картичка“ – вели Митев.

Пензионерите најпрво добија пет илјади денари линеаро покачување на пензиите, во септември на картичка добија уште илјада денари, а во март наредната година треба да има ново линеарно усогласување за илјада денари.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет