
Зелката на Васил Атанасов од Воиславци радовишко пола останува непродадена . Цената ја спушта, ги трие рацете, ама тешко штипјанец да застане. Вели од 25 денари оваа седмица цената ја спуштиол на 20 денари, ама и тоа бадијала. Дали платата е слаба или пак при крај на ноември џебот е празен, се запрашува тој и неговата домакинка, која веднаш донего продава саде неколку жолтеникави тикви, неколку гајби енески домати и круши од нивната селска градина. Истакнаа дека макотрпна е работата, зелката е за мерак оваа година, ама пола останува да скапува во нива.
Чичко Васил вели зелката е квалитетна, здрава и природна и е дава лош збор да се каже. Потенцира дека за некоја година и тој нема да може да ја одгледува нивата.
Сопругата на чичко Васил, вели доагаат колку да заработат, тешка е работата, а исплатливоста далеку од задоволително.
Инаку, ова скромно, но многу топло семејство, секој петок со години се на пазарот. Нивната чесна и макотрпна работа може би низ животот не придонела многу финансии, ама донела многу сложност, љубов и мир во нивниот дом.
Иван Митев, М-Нет